New Page 1
БАНСКО
Сместен е на падините на една од најубавите планини на Бугарија, на 935м
надморска височина. Благодарение на големиот број на луксузни хотели,
современиот сѕстем на ски патеки и ски лифтови, Банско станува најпрестижен ски
центар во Источна Европа. Се наоѓа на 150км јужно од Софија. Просечната
температуре во јануари е -2 степени. Сезоната на скијање во Банско почнува во
средината на декември и трае до средината на април.
pdf - превземи ценовник
БОРОВЕЦ
Боровец е најстариот ски центар во Бугарија. Сместен е на 1350м надморска
височина, на северните падини на планината Рила, во подножјето на највисокиот
врв на Балканот Моусала (2925м) на само 73км од Софија и 126км од Пловдив.
Боровец е модерен ски центар со 15 ски стази кои одговараат на сите категории на
скијачи. Вештачкиот снег, ноќното осветлување дополнително го усовршуваат овој
рај за скијачи..Сезоната во Боровец трае од ноември до мај, надополнета со
исклучително забавен ноќен живот, голем број на ресторани и клубови.
pdf - превземи ценовник
ПАМПОРОВО
Се наоѓа во срцето на Родопите, на 260км од Софија, 85км јужно од Пловдив.
Познат е како најсончевото туристичко место во Европа со 272 сончеви дена
годишно. Има блага зима и средна зимска температура од -3 степени. Највисокиот
врв е Снежанка со 1926м надморска височина. Поседува најдобри ски училишта во
Европа, ски стази за сите видови скијачи.
pdf - превземи ценовник